Русија во Хаг ги отфрли обвинувањата за „поддршка на тероризмот“ во Украина

Русија во вторникот во Меѓународниот суд на ООН почна со презентацијата на своите аргументи како одговор на обвинувањата од страна на Украина според кои Москва наводно прекршила две конвенции – за борба против финансирањето тероризам и за ликвидирање на сите форми на расна дискриминација.

Русија ги демантираше обвинувањата на Украина за поддршка на тероризмот и испорака на оружје во Донбас, пренесува „Взгљад“.

Претставникот на Русија на рочиштето, раководителот на правниот оддел на МНР РФ Роман Колодкин изјави дека обвинувањата од страна на Киев се надвор од рамките на јурисдикцијата на Меѓународниот суд на ООН. Според него, сите овие прашања треба да се решаваат во билатерален поредок меѓу Москва и Киев.

Од друга страна, директорот на одделот на МНР РФ за нови предизвици и закани Илја Рогачов, кој исто ја претставува Русија во овој процес, истакна дека „Украина го доведува судот во заблуда“.  „Ниедна државна институција или организација не ја квалификува тековната ситуација на истокот на Украина и континуираните борбени дејствија низ призмата на тероризмот“, истакна тој.

Претходно Киев, презентирајќи ги аргументите на рочиштето, ја обвини Москва за поддршка на тероризмот и испорака на оружје во таа земја, како и за дискриминација на Татарите и Украинците на Крим.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња