Судот во Хаг почна со разгледување на тужбата на Украина против Русија

Почна разгледувањето на украинската тужба против Русија во Меѓународниот суд на ООН во Хаг.

Во Хаг почна седницата на Меѓународниот суд на ООН, во рамките на која се разгледува тужбата на Киев против Москва, соопшти во понеделникот МНР Украина на својот сајт.

Како што се истакнува во коментарот на украинскиот дипломатски ресор, судот треба да ја задолжи Русија „да обезбеди ефикасна контрола на својата граница, да ги прекине испораките на оружје во Украина, да прекине со поддршката на нелегалните вооружени формации“. Покрај тоа, се бара и Москва „да се воздржи од какви било понатамошни акти на етничка дискриминација на окупираниот Крим“.

На сајтот на украинското МНР исто така се вели дека рочиштето, најверојатно, ќе трае четири дена. Аргументите на украинската страна ќе бидат сослушани на 6 и 8 март, а на руската – на 7 и на 9 март, пренесува „Лента.ру“.

За намерата на Киев да поднесе против Русија тужба пред Меѓународниот суд на ООН  соопшти прес-службата на претседателот на Украина Петро Порошенко на 16 јануари. Москва одговори дека има намера да ги искористи во текот на рочиштето сите достапни средства за правна заштита.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња