Украина повторно ќе ја тужи Русија

Министерството за надворешни работи во текот на денот треба да поднесе тужба против Русија во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Претседателот на Украина Петро Порошенко му наложи на Министерството за надворешни работи на Украина да поднесе во Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации нова тужба против Русија, се вели во соопштението што го објави прес-службата на шефот на украинската држава.

„Три години Руската Федерација грубо го крши меѓународното право, три години врши незаконска анексија на Крим, незаконска окупација на источниот дел на земјата на територијата на Донецката и Луганската област, реализира политика на истребување и дискриминација на Крим“, се вели во соопштението што го пренесува „Лента.ру“.

Порошенко исто така ја обвинува Москва за многубројни злосторства против цивили во Мариупол, Волноваха и Краматорск, како и за вмешаност во несреќата на авионит МХ17.

Се истакнува дека во дел од тужбата се зборува за Конвенцијата за борба против финансирање тероризам. „Втората позиција во нашата тужба се однесува на примената на Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација“, пишува прес-службата. Според неа, предистражната постапка е завршена, сите документи се подготвени да бидат испратени во Хаг, што треба да се случи во текот на денот.

Порошенко исто така потсетува дека постојано ги контролира претходните тужби. „Русија мора да ја плати цената за нејзината агресија“, смета тој.

Во септември 2016 година Киев поднесе тужба против Москва во врска со повреда на Конвенцијата за морско право.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња