Москва го повика Киев трипати да размисли што ќе преземе во Донбас

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека Москва ги повикува САД и Украина да не преземаат чекори кои би довеле до понатамошна дестабилизација во Донбас.

Москва ги повика Киев и Вашингтон трипати да размислат пред да преземат чекори кои би можеле да доведат до понатамошна дестабилизација на ситуацијата во Донбас, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

„Кога американските и другите колеги би ги послушале нашите апели да не преземаат чекори кои ќе доведат до појава на илузија кај киевските власти дека наместо комплетна реализација на „Минската спогодба“ тие можат со насилни методи да ги решат постојните проблеми, кога таквите дејствија не би биле преземани од страна на нашите колеги во САД, во другите земји, веројатно, ситуацијата сега таму би била многу подобра“, изјави Рјабков, пренесува РИА „Новости“.

Притоа, според заменик-министерот, одлуките и мерките кои одат во прилог на намалување на затегнатоста и стимулираат целосно исполнување на „Минската спогодба“ Москва може само да ги поздрави.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња