Фајненшел Тајмс: РФ и ЕУ предупредуваат за пораст на тензиите во Македонија

„Фајненшел Тајмс“ пишува дека руски и европски официјални претставници предупредуваат за потенцијални етнички конфликти и геополитичка криза на Балканот откако македонскиот претседател Ѓорге Иванов одби да им овозможи лидерот на опозицијата да формира влада откако доби поддршка од мнозинството на пратениците.

Уште во средата претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов требаше да му го предаде мандатот на лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев по собраните потписи од мнозинството пратеници избрани на изборите во декември, вклучително и од пратениците - етнички Албанци, истакнува „Фајненшел Тајмс“.

Наместо тоа, Иванов го обвини Заев за разработка - со поддршка на Западот – на албанскиот план кој може да „ја уништи земјата“ бидејќи ги прифаќа барањата на најголемото, но сепак малцинство. Како одговор Заев, кој има намера да го подигне статусот на албанскиот јазик, правејќи го втор државен, како и во целина да ги прошири правата на Албанците, го обвини Иванов за „државен удар“.

„Тоа го уништува духот на демократијата, ги крши основните демократски принципи“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, говорејќи доцна вечерта во четвртокот во Скопје. „Јас апелирав до претседателот тој да продолжи да се движи напред и да ја промени својата одлука“.

Могерини ги повика лидерите да се откажат од неодговорно однесување или разгорување на етнички конфликти. Пред точно 15 години во земјата заврши крвавата граѓанска војна помеѓу мнозинското население и етничките Албанци, кои сочинуваат околу една четвртина од граѓаните, потсетува весникот.

„Не смее да се дозволи оваа политичка и институционална криза да прерасне во етнички или, уште полошо, геополитички конфликт“, изјави Могерини.

Етничките тензии во земјата ја попречуваат Македонија на патот кон членство во ЕУ, истакнуваат на Запад. Покрај тоа, ситуацијата во Македонија може да предизвика уште една геополитичка конфронтација со Русија, која ги осудува стремежите на Западот да биде посредник во конфликтот.

Претходно Министерството за надворешни работи на Русија потенцираше: западните земји, кои преку албанското малцинство се обидуваат да ја донесат на власт во Македонија поразената опозицијата, треба да го прекинат надворешното мешање во внатрешните работи на таа држава. Рускиот дипломатски ресор истакна дека во Македонија продолжуваат деструктивните обиди за наметнување однадвор на шеми спротивни на волјата на македонските гласачи, што може само да ја влоши ситуацијата.

На почетокот на февруари Москва, исто така, потенцираше дека „вештачки предизвиканите“ предвремени парламентарни избори на 11 декември минатата година не водат кон решавање на ситуацијата, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња