РФ со протесна нота до Бугарија поради сквернавење на споменикот „Аљоша“

Москва испрати до бугарското Министерство за надворешни работи протесна нота поради вандалскиот чин на сквернавење на познатиот споменик на советскиот војник-ослободител во Пловдив, познат под името Аљоша.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова нагласи дека „Аљоша“ претставува симбол на бескрајната благодарност на бугарскиот народ до Советската армија која даде огромен придонес за ослободување на Европа од нацистичките окупатори.

Во протесната нота поради вандалскиот чин од 21 февруари се искажува голема загриженост, особено поради цинизмот на целиот настан. Имено, вандалскиот чин е извршен на денот на благодарноста до оние кои се бореле против нацизмот во Бугарија.

Русија побара сеопфатна истрага и враќање на споменикот во претходната состојба. Едниот од симболите на Пловдив, импозантната гранитна статуа која се издига на ридот Бунарџик беше осквернавен со испишување фашистички симболи и пароли.

Захарова изјави дека во МНР РФ по тој повод пристигнал голем број на прашања од руски граѓани и дека сите биле револтирани, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња