Воениот споменик ППШ-41

ППШ-41 има заслужено место на спомениците на советските војници. Извор: Lori / Legion Media.

ППШ-41 има заслужено место на спомениците на советските војници. Извор: Lori / Legion Media.

Типски споменик на советскиот војник-ослободител: шлем СШ-40, пелерина-шатор и масивен автомат со тешка барабанеста рамка и со карактеристична облога на цевката со штанцувани јајцевидни отвори: ППШ-41, автомат (пиштол-митралез) Шпагин, образец 1941. Шест милиони од овие автомати имаат минато низ Големата татковинска војна од почетокот до крајот и станаa еден од лесно препознатливите симболи на тоа тешко време.

ППШ е наследник на автоматот Дегтарјов ППД-34/40, кој бил премногу скап за производство. Од него го има наследено надворешниот изглед, а меѓу другото и тешката барабанеста рамка за 71 куршум, прекопиран од финскиот автомат Suomi по Зимската војна 1929-40. ППШ има добиено и полесна класична рамка за 25 куршуми, иако и таквите модели имаат свои недостатоци. Тешките рамки кои не секогаш биле згодни за употреба, сепак и понатаму останале исто, без оглед на тоа што за нормална употреба често требало да се наоѓаат конкретни рамки за конкретни автомати поединечно. 

Споменикот на непознатиот војник во паркот „Трептов„ во Берли. Фотографија: Andreas Steinhoff.

За разлика од својот претходник, ППШ бил во значителна мера поедноставен и поевтин, фрезуваните конструктивни елементи биле заменети со пресувани, а прецизна обработка барале само цевката и затворачот (и тоа со мошне голема толеранција). Тоа од него направи „воен“ автомат: производството во воено време барала заштеда на материјал и поедноставена технологија со зачувување на сигурноста. Но, на автоматот ППШ не му била потребна дополнителна сигурност.

Специфичноста на автоматот ППШ била во моќниот пиштолски стрелач со калибар 7.62х25 од „тетеецот“ (Токарев ТТ). Ова на зрното му давало поголема брзина. Притоа темпото на гаѓање на ППШ било мошне високо: до 900-1000 куршуми во минута. 

Високата маса на ППШ, често третирана како недостаток, одела во корист на стрелецот: оружјето за време на рафалното гаѓање бил постабилен од полесните митралези, како што е германскиот МР-40. Во ова помагала и цевната кочница-компензатор, што го намалува и го неутрализира тргнувањето наназад на цевката.

Метла за в ров 

Сево ова правело автоматот да биде доста незаситно, но  и ефикасно средство за огнено дејство и за неутрализирање на далечина од неколку стотини метри. Целите можеле да се уништуваат со нишански оган до 200 метри. Само колку за споредба: МР-40 бил сметан за ефикасен на оддалеченост што не надминува 100-150 метри. На оддалеченост од над 200-250 метри противникот едноставно можел да биде опсипан со олово од ППШ благодарение на високото темпо на гаѓање или со насочен оган од страна на неколку митралесци. Со „незаситност“ морал да се бори барабанот со 71 куршум. 

Во оваа смисла ППШ бил исклучително ефикасна „метла за в ров“, средство за борба на кратки дистанци во затворени рамки (ровови, борби во градски услови). 

Не е случајно што јуришните групи кои дејствувале во градските услови се комплетирале првенствено од митралесци – без оглед на тоа што основното оружје на пешадијата и понатаму била пушката Мосин. 

ППШ не бил најдобар митралез во Втората светска војна, како што се смета поради некакви причини. Мислењата на стручњаците се усогласуваат во тоа дека најдобар бил еден друг советски автомат – полесниот и технолошки понапредниот автомат од системот Судаев (ППС Алексеј Судаев), кој бил изработен во речиси половина милион примероци. 

„Подобриот“ е најголем непријател на „добриот“, а покрај тоа, автоматот Судаев бил подготвен за експлоатација дури во 1943 година, се произведувал во Ленинград за време на неговата опсада, што до почетокот на 1944 година го отежнувало масовното снабдување на единиците  со ова оружје за другите делови на фронтот (во времето кога блокадата била симната произведени биле само 46 илјади примероци од овие цевки). А, на Советската армија ѝ биле потребни автомати уште од првите денови на војната и тоа во огромни количества. 

Таков автомат бил ППШ-41, па затоа и има заслужено место – на спомениците на советските војници. 

Рускиот текст на порталот defendingrussia.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња