Грибаускајте смета дека Русија се подготвува за војна со Западот

Претседателката на Литванија Далја Грибаускајте изјави на прес-конференција во Рига дека заедничките воени вежби „Запад 2017“ на Русија и Белорусија претставуваат демонстративна подготовка за војна со Западот.

„Гледаме дека има разни закани, тие нараснуваат, ние со загриженост ги очекуваме воените вежби „Запад 2017“, во текот на кои се концентрираат многубројни и агресивни сили, тече демонстративна подготовка за војна со Западот“, изјави Грибаускајте, пренесува RT.

Заедничките стратешки воени вежби на вооружените сили на Белорусија и Руската Федерација „Запад 2017“ ќе се одржат во септември.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата не гледа директна закана од страна на Русија за источното крило на НАТО.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња