Заменик на Лавров: САД се обидуваат да организираат економска блокада на РФ

Заменикот-министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека со предлог-законот, со кој на претседателот на САД Доналд Трамп не му се дозволува ублажување на санкциите против Москва, Конгресот на САД се обидува да организира економска блокада на Русија.

„Во јануари оваа година тие поднесоа предлог-закон кој предвидува кодификација на санкциите воведени со укази на Обама, за да не може Трамп самостојно да ги укине. Згора на тоа, се предлага проширување и заострување на рестрикциите, па дури и да се обидат со уцена да натераат трети земји да ги следат. Односно, во суштина, да организираат нешто слично на економска блокада на Русија“, изјави Рјабков, пренесува RT.

Според него, „луѓе кои не посакуваат добро во Конгресот со сите сили се трудат да уништат секаков пораст на позитива“ во односите меѓу Русија и САД.

Претходно Рјабков исто така изјави дека Русија не барала од САД укинување од санкциите и нема намера да го прави тоа. Покрај тоа, тој потенцираше дека односите меѓу Русија и САД се наоѓаат на најниско ниво по завршувањето на студената војна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња