Фијон: Русија не може да се скрши со санкции

Кандидатот за претседател на Франција Франсоа Фијон ја критикуваше и поканата за членство во НАТО до Украина и Грузија.

Русија не може да се скрши со економски санкции, смета лидерот на француската партија „Републиканци“ Франсоа Фијон.

„Беше наивно да се смета дека рускиот народ може да се скрши со економски санкции“, изјави Фијон во интервјуто објавено во весникот „Ле Монд“. „Кој може да посака конфликт со Русија? Потребно е да ги градиме нашите односи“.

Францускиот политичар, кој е кандидат на „Републиканците“ на претседателските избори, се залага за „ново економско партнерство со Русија“, а исто така предложи и „да се одржи конференција Европа-Русија за прашањето на новите услови за безбедност“ на европските простори.

Фијон, исто така, ги нарече неодговорни оние кои ги поканија Украина и Грузија да се зачленат во НАТО, пренесува ТАСС.

„Секогаш ли Западот беше сигурен партнер? Зарем не ја измами Русија за Либија, за Косово, за економското партнерство со ЕУ?“, истакна Фијон, одговарајќи на прашање за неговото видување на односите со Русија. „Како дополнение би сакал да потсетам на неодговорните изјави на оние кои сакаа зачленување на Грузија и Украина во НАТО. Едноставно треба да се признае дека ни Украина, ни Грузија не можат да стапат во ЕУ и во НАТО“.

„Зошто требаше да се распоредува противракетна одбрана на руската граница? Направивме многу грешки“, заклучува Фијон.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња