Путин: преговорите во Астана се темел за средбата во Женева

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека меѓусириските преговори во Астана се главниот темел за преговорите во Женева – создаден е механизам за контрола на прекинот на огнот.

„Тие преговори (за Сирија во Астана) завршија, при што развршија со резултат каков што никогаш немало. Односно, создаден е механизам за контрола на прекинот на огнот, а тоа, всушност, е најважниот фундамент кој даде можност за продолжување на женевските преговори“, изјави Путин на средбата со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев.

Путин му се заблагодари на Назарбаев за организацијата на меѓусириските преговори во Астана.

„Казахстанската страна одигра многу позитивна улога, и не само како домаќин, како организатор на тој настан, туку и влијаеше реално на позитивните резултатите на средбата во Астана“, потенцираше шефот на руската држава, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња