ВАДА ја призна недоследноста на извештајот на Мекларен

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) призна дека во извештајот на комисијата под раководство на Ричард Макларен има недоволно докази за вмешаноста на руски спортисти во прекршувањето на правилата за антидопинг, се вели во писмото на генералниот директор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Кристоф де Кепер.

Текстот на писмото на генералниот директор на МОК  е објавен на официјалниот сајт на организацијата.

„На неодамнешното собрание на ВАДА, кое се одржа на 21 февруари во Лозана (...) организацијата призна дека во многу случаи доказите против Русите се недоволни“, пишува во писмото на де Кепер, пренесува „Взгљад“.

Во документот исто така се истакнува дека ВАДА не е задоволна од преводите на текстовите кои се употребени во извештајот.

На почетокот на февруари хакери објавија дека МОК бара од Мекларен да достави докази за вината на Русите.

На средината на јануари вицепремиерот на Русија Виталиј Мутко истакна дека во извештајот на независната комисија на ВАДА под раководство на Ричард Мекларен има мноштво фактички грешки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња