МО РФ: Уделот на модерни тенкови во Копнените сили до 2020 ќе достигне 71%

Генерал-полковник Олег Саљуков соопшти дека во рамките на реализацијата на Државната програма за вооружување уделот на современи тенкови во Копнената војска на Русија до 2020 година ќе достигне 71%.

„Воените единици со постојана подготвеност се опремени со модерните тенкови Т-72Б3, Т-80У и Т-90А за 53% (...) Во најскоро време се очекува сериска испорака на тенкот од нова генерација „Армата“, се вели во соопштението на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.

Саљуков исто така рече дека во 2016 година воените единици на Копнената војска добиле повеќе од 2 илјади примероци модерно оружје и воена техника, вклучувајќи тенкови Т-72Б3, пешадиски борбени возила БМП-3 и оклопни транспортери БТР-82A.

Во средата министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави за опременоста на Вооружените сили на Русија со современа воена техника во единиците со постојана борбена готовност.

Тенковите Т-14 „Армата“ ќе почнат сериски да се произведуваат во 2018 година, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња