Анкета: Германскиот бизнис очекува пораст на руската економија во 2017

Две третини од германските претприемачи очекуваат позитивен развој во руската економија во 2017 година, изјави првиот човек на управата на Германско-руската надворешно-трговска комора Матијас Шеп.

Германскиот бизнис очекува раст на руската економија во 2017 година, велат резултатите од анкетата спроведена од Источниот комитет на германската економија и на Германско-руската надворешно-трговска комора, пренесува РИА „Новости“.

Резултатите од анкетата беа презентирани во петокот. Во неа учествуваа 190 претпријатија кои имаат вкупен промет во Русија во износ од 29 милијарди евра и 122 илјади работници.

„Германските претприемачи во Русија се значително пооптимистични отколку минатата година. Бизнис-климата во земјата по две години криза значително е подобрена“, изјави првиот човек на управата на Германско-руската надворешно-трговска комора Матијас Шеп, додавајќи дека речиси две третини од испитаниците „очекуваат позитивен развој во 2017 година“.

„Двојниот шок од санкциите и ниските цени на нафтата и гасот е блескаво надминат. Може да се зборува за макроекономски успех на (руската) влада. Инфлацијата од 5% е најниската вредност од времето на распадот на СССР“, изјави тој.

Одговарајќи на прашањето за важноста и иднината на санкциите, Шеп изјави дека значителен дел од руската елита во моментов „не е заинтересирана за брзо укинување на санкциите“. Како пример тој го наведе земјоделскиот сектор, чиј развој благодарение на ограничувањето на увозот на странски производи доведе до тоа „Русија првпат по повеќе години да стане шампион во производство на пченица и во значителен дел се обезбедува себеси со храна“, како и воено-индустрискиот комплекс.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња