Путин: Инфлацијата во Русија падна под 5%

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави на состанокот на Комисијата за економски прашања во петокот дека стапката на инфлација во земјата продолжува да опаѓа и во февруари овој показател на годишно ниво изнесува под 5%.

На пример, шефот на руската држава прецизираше дека на 13 февруари инфлацијата изнесувала 4,72%, пренесува „Взгљад“.

Покрај тоа, Путин истакна дека властите во целина гледаат позитивна динамика во домашната економија. Според него, резултатите од 2016 година се покажале подобри од очекуваните: намалувањето на БДП на Русија, според прецизираните податоци, изнесувало 0,2%.

Според податоците на „Росстат“, во јануари инфлацијата во Русија месечно се зголемила на 0,6% наспроти 0,4% за секој од претходните три месеци, а на годишно ниво покачувањето на цените било забавено на 5%, од 5,4% според резултатите од декември.

Покрај тоа, Европската комисија ја подобри својата прогноза за порастот на БДП на Русија во 2017 година на 0,8%, наместо претходно очекуваниот пораст од 0,6%.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.