Рогозин кажа кои се тројцата сојузници на Русија

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин им го честиташе Денот на заштитникот на Татковината на руските војници и ветерани.

Потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин во честитката по повод Денот на заштитникот на Татковината како тројцата сојузници на Русија ги наведе армијата, морнарицата и воената индустрија.

Рогозин го објави ова на својот профил на „Твитер“.

 

„Русија има тројца сојузници: армијата, морнарицата и воената индустрија. Им го честитам на нашите верни сојузници Денот на заштитникот на Татковината! Посебна благодарност до ветераните!“, напиша Рогозин, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња