Русија го слави Денот на заштитникот на Татковината

Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе Денот на народната волја и Денот на заштитникот на Татковината на жителите на Севастопол.

„23 февруари 2014 година стана за Севастопол навистина судбоносен ден. Илјадниците негови жители како обединет фронт истапија против државниот преврат, им дадоа решителен отпор на радикалните, националистички сили, кои со своите агресивни дејствија се обидоа да ги заплашат сите кои се спротивставуваа на самоволието и беззаконието“, се вели во честитката на Путин.

Тој исто така истакна дека „Севастопоците покажаа цврстина и храброст, го заштитија родниот град, заедно со Кримјаните изразија цврста волја да бидат со Русија“.

Претходно министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу им го честиташе на војниците и ветераните Денот на заштитникот на Татковината, пренесува RT.

Каналот RT по повод празникот објави панорамно видео од воените вежби на 31 посебна гардиска десантно-јуришна бригада во Улјановск.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња