Захарова ги обвини властите на Црна Гора за антируска кампања

Зад обвинувањата за вмешаност на руските власти во обидот за државен удар во Црна Гора стојат властите на републиката, изјави портпаролот на Министеротството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Според неа, „ова не е нова кампања, таа едноставно поминува нова етапа од своето промовирање“. „Се разбира, зад оваа кампања стојат црногорските власти, како што разбираме“, истакна таа.

Захарова истакна дека „премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ не одолеа да не се приклучи во користењето на широко употребуваната теза во САД и ЕУ „за вмешаност на некои руски специјални служби во изборните процеси“.

Портпаролот на МНР потенцираше дека сите такви изјави се неосновани. „Се разбира, никакви докази кои би биле способни да ги потврдат наведените соопштенија, ниту црногорските официјални лица, ниту западните медиуми не презентираат“, изјави таа.

Притоа, медиумите ги објавуваат без да ја земат предвид руската позиција или само патем ја напоменуваат, а таквата дезинформација „им нанесува серозна штета на руско-црногорските односи“, додаде Захарова, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња