Естонија: Русија им подготвува „слатки замки“ на војниците на НАТО

Раководителот на одделот за информација на Естонија Мик Маран не исклучува дека може да настанат тепачки меѓу пристигнатите британски војници на НАТО и локалното население, меѓутоа во тоа тој ја гледа „раката на Москва“.

Маран смета дека Русија наводно може да прибегне кон методи на „слатки замки“ – кога разузнавачките служби праќаат жена за да испровоцира тепачка во кафулињата, за подоцна британските војници да бидат претставени како хулигани.

Покрај тоа, Москва наводно може да предизвика провокации за да добие пристап до нивните профили на социјалните мрежи за да бара податоци за да ги уценува.

Според Маран, во Естонија веќе се зборува дека локалното население не им се радува на британските војници.  

„Таму ќе има 800 млади британски војници. Тие ќе одат од базите во градовите. Веројатно, ќе сакаат да одат во пабовите. Ние не можеме да исклучиме тепачки кои можат да бидат иницирани од противничкиот тим“, изјави Маран во интервју за „Тајмс“.

Притоа Маран не наведува никакви аргументи за своите изјави. Тој само потсетува дека во 2016 година двајца британски војници на воените вежби во Латвија беа вмешани во улична тепачка со група локални жители-симпатизери на Русија. „Се разбира, тука има некаква руска позадина“, изјави Маран, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња