Медиум: Русија ја поткопува миротворната работа на НАТО на Балканот

„Њујорк Тајмс“ пишува дека Русија повторно ги подгрева тензиите на Балканот, особено меѓу Србија и на Косово, додека се обидува да ги искористи политичките пукнатини во областа која некогаш се сметаше за триумф на мускулестата американска дипломатија.

„Русија гледа дека Западот се меша во нејзиниот двор и претседателот Владимир Путин сака да покаже дека може да возврати реципрочно“, изјави Димитар Бечев, експерт за Русија и Балканот и раководител на Институтот за европска политика во Софија, Бугарија. „Тие го сметаат Балканот за „Ахиловата пета“ на Западот и го користат за да се расфрлаат со својата сила и евтино да ја демонстрираат својата моќ“.

Речиси 18 години по интервенцијата на Косово предводена од САД со која ѝ се стави крај на српската доминација, и учеството на ЕУ како политички посредник меѓу Белград и Приштина и присуството на НАТО на тој простор, ситуацијата останува нестабилна, пишува весникот.

НАТО, зафатен со своите сопствени предизвици, не посветува доволно внимание на руското присуство на Балканот. На тој начин, Русија е присутна во политичките процеси во Србија, Република Српска, Македонија, Црна Гора и на Косово, заклучува „Њујорк Тајмс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња