Лавров ги обвини тајните служби на САД за прислушување на рускиот амбасадор

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги обвини специјалните служби на САД за прислушување на амбасадорот на Русија во САД Сергеј Кисљак.

„Американските специјални служби им раскажуваа на новинарите, апсолутно официјално, иако и анонимно, за тоа дека комуникациите, како што тие се изразија, на нашиот амбасадор Кисљак рутински се прислушувале, вклучувајќи ги и неговите извештаи до Москва за тоа што тој прави во Вашингтон, вршејќи си ја должноста“, изјави Лавров, пренесува „Газета.ру“.

Шефот на МНР Русија потсети дека информацијата за прислушувањето на Кисљак се појави по скандалот за наводните врски со Москва на Мајкл Флин, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот на САД Доналд Трамп.

„И ние читаме интересни нешта, на пример, во врска со скандалот кој беше откриен со генералот Флин кој поработи неколку недели како советник на Трамп за национална безбедност“, додаде тој.

Во врска со тоа Лавров повика да се обрне внимание на активностите на оние кои „одамна докажаа дека се обидуваат да ги следат сите настани низ целиот свет, меѓу другото и на не целосно нелегитимни начини“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња