Флин соопшти за што зборувал со рускиот амбасадор

Мајкл Флин, бившиот советник за национална безбедност на претседателот на САД Доналд Трамп, изјави дека разговарал со рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Кисљак за протерувањето на руските дипломати, а не за укинување на санкциите.

Мајкл Флин во последното негово интервју во својство на советник на претседателот на САД за национална безбедност за „Дејли Колер“, објавено вчеравечер, изјави дека „не ги преминал границите“ во разговорот со амбасадорт на Русија во Вашингтон Сергеј Кисљак.

Според Флин, тој накратко дискутирал со Кисљак за протерувањето на 35 руски дипломати од САД поради наводното мешање на Русија во претседателската кампања.

„Тоа (разговорот со Кисљак) не се однесуваше на санкциите. Стана збор за 35 лица кои ги протераа. И еве како се сврти тоа. Во целина разговорот беше: „Видете, знам што се случи. Сѐ ќе простудираме“. Никогаш не сум кажал дека имаме намера да ги ревидираме санкциите или нешто такво“, изјави тој.

Флин исто така го нарече криминал протекувањето во печатот на неговиот разговор со Кисљак, за кој се претпоставува дека бил прислушуван од специјалните служби.

„Вие го нарекувате тоа протекување. А тоа е криминално дело. Тоа е криминал, а не едноставно намигнување или климање со глава“, додаде Флин.

Претходно Мајкл Флин даде оставка поради ситуацијата околу неговиот разговор со рускиот амбасадор. Покрај тоа, тој призна дека не ѝ дал на Белата куќа целосна информација за неговите контакти со Кисљак, пренесува РИА „Новости“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња