Четворица руски војници загинаа во Сирија

Четворица руски војници загинаа во Сирија откако нивниот автомобил наишол на мина која била активирана далечински, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.

Се соопштува дека конвој автомобили, во кој бил и автомобилот со руските воени советници, се движел од подрачјето на аеродромот Тијас кон градот Хомс.

Откако колоната изминала околу 4 километри, под автомобилот, во кој се наоѓале руските војници, билo активирано експлозивно полнење од далечина.

Како резултат на експлозијата, четворица руски војници загинале, а уште двајца се ранети.

Се истакнува дека руски воени лекари се борат за нивните животи, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња