Турција бара поддршка од Русија и Иран за Сирија

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во текот на неговиот говор на Минхенската конференција за безбедност изјави дека на Анкара ѝ е потребна поддршка од Москва и Техеран за решавање на конфликтот во Сирија.

„Режимот на прекин на огнот треба да биде зацврстен со заеднички напори. Нам ни треба поддршка од Русија и во некои случаи – поддршка од Иран, и на овој план ние веќе многу постигнавме“, изјави Чавушоглу, пренесува RT.

Според него, документот за Сирија кој беше договорен во Астана претставува важна мерка за обнова на довербата.

„Астана не е алтернатива на Женева, но беше важно првично да се постигне воспоставување на режим на прекин на огнот, тоа беше важен чекор во правилна насока, ни сега треба да бидат продолжени преговорите во Женева“, потенцираше Чавушоглу.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња