Порошенко: откажувањето од санкциите ќе ги зголеми руските апетити

Претседателот на Украина Петро Порошенко на маргините на Минхенската конференција за безбедност изјави дека неопходно да се задржат антируските санкции.

„Трансатлантската алијанса треба да продолжи да ја притиска Русија со санкции. Санкциите се потребни за да се натера Русија да се придржува до минскиот процес. Откажувањето од санкциите само ќе ги зголеми руските апетити“, го цитира украинскиот лидер „112 Украина“.

Претходно Порошенко изјави дека претседателот на Русија Владимир Путин наводно ја мрази Украина.

„Путин ја мрази Украина длабоко и искрено. Тој ја негира уникатноста на украинската држава и народ. Тој јавно објавува дека Украина е дел од Русија. Тој не гледа место за Украина на политичката карта на Европа и сака да ја обои Украина во руски бои“, изјави Порошенко, пренесува RT.

Според него, „апетитите на Русија не се ограничени само на Украина“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња