Лавров: Киев се обидува да се искупи пред Трамп и да испроси пари

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги прекори украинските власти дека тие јавно и отворено работеле против Трамп.

Украинската власт се обидува да се искупи пред новиот претседател на САД Доналд Трамп, кого отворено не го поддржаа за време на изборната кампања, како и да испроси пари, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Тие (украинската администрација) повторно сакаат да испросат пари, повикувајќи се на тоа дека нив ги навредуваат, со истото објаснување сакаат да привлечат внимание за да не ги заборават“, изјави тој во интервју за емисијата „Резултатите од недела“ на рускиот канал НТВ, пренесува „Интерфакс“.

„Тие сакаат да се искупат за вината пред актуелната американска администрација, со оглед на тоа што јавно и отворено работеа против претседателот на САД Трамп во текот на предизборната кампања“, истакна Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, исто така, изрази надеж дека во САД и ЕУ „засега не многу сигурните поимања на она што навистина се случува на Истокот на Украина, ќе растат“.

Продолжувајќи на темата Украина, министерот рече дека е време да се размислува за децентрализација на таа земја.

„Не помалку од една третина од областите на Украина се обратија до Киев со предлог, со барање да се префрлат на договорен однос помеѓу областите и централната власт (...) Такви тенденции има во Одеската и Закарпатската област, така што тоа не е само Исток и Југ, тоа е и Западот на земјата“, истакна шефот на руската дипломатија. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња