Во Украина поведена кривична постапка против Прилепин

Службата за безбедност на Украина поведе кривична постапка против рускиот писател Захар Прилепин, кој формираше свој баталјон во рамките на Вооружените сили на ДНР.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) поведе кривична постапка против рускиот писател Захар (Евгениј) Прилепин, соопшти на својата страница на „Фејсбук“ портпаролот на СБУ Елена Гитљанскаја.

„Службата за безбедност на Украина поведе кривична постапка против државјанинот на Руската Федерација Евгениј Прилепин. Предсудската истрага се води според членовите „Учество во активност на терористичка организација“ и „Финансирање тероризам“ од Кривичниот законик на Украина“, напиша таа.

На 13 февруари првиот човек на самопрогласената Донецка Народна Република (ДНР) Александар Захарченко му врачи на Прилепин чин мајор на Вооружените сили на ДНР. Претходно истиот ден беше соопштено дека писателот формирал своја воена единица во Донбас.

Прилепин потенцираше дека во Донбас не се чувствува како писател, туку дека тој е офицер и разбира дека еден ден ќе мора да пука.

Прилепин, чие вистинско име е Евгениј, претходно има служено во единицата ОМОН (служел и во Чеченија), работел и како обезбедување, товарач, неквалификуван работник. Оженет е, има четири деца, пишува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња