Зошто писателот Прилепин формираше свој баталјон во ДНР?

14 февруари 2017 Рина Бикова
Писателот Захар Прилепин во Донецката Народна Република формираше свој баталјон, во кој тој самиот ја извршува должноста на „политички комесар“. Ова го соопштува весникот „Комсомолска правда“, чиј дописник Александар Коц по овој повод разговараше со Прилепин. „Руска реч на македонски“ ги пренесува главните тези од ова ексклузивно интервју.
Захар Прилепин
Писателот Захар Прилепин. Извор: Кирил Кухмар / ТАСС

Последниве неколку години Захар Прилепин ја извршува должноста советник на лидерот на ДНР. Освен тоа, писателот редовно организира испорака на хуманитарна помош во Донбас и пишува за конфликтот во Украина во своите статии и книги. Сега реши да земе непосредно учество во воените операции. Прилепин веќе има соодветно искуство. Има служено во специјалната единица на МВР „ОМОН“ и престојувам во Чеченија за време на војната. Сега мајорот Прилепин е заменик командант на баталјонот за специјални намени задолжени за работа со луѓето во армијата на ДНР.

За иднината на Русија

Прилепин својата одлука да се приклучи на армијата во Донбас ја објаснува на следниов начин: „Донбас е зона на нашата одговорност, но не за жителите на Донбас или Украина, ами за иднината на Русија. Доколку тука успееме нешто да постигнеме, значи дека ќе успееме насекаде во сите правци“. Според писателот, тој има определени можности и не би сакал да стои настрана. Неговата единица, како што самиот изјавува“, ќе тежнее „на бел коњ да влезе во некој град во близината, кој го имаме напуштено подари различни околности“.

Во баталјонот на Прилепин главно има мештани, луѓе кои веќе имаат учествувано во борбите. Тој вели дека во Русија сега има многу луѓе кои сакаат да дојдат во Донбас и да им се приклучат на востаниците. Тил на баталјонот на Прилепин се „специјалните единици на руската литература“. Така писателот зборува за јунаците од својата неодамна објавена книга „Вод“, односно за руските писатели кои имаат учествувано во различни војни и конфликти. Според него, списокот на ваквите писатели е огромен, а сега им се приклучил и тој. За волја на вистината, во Донбас Прилепин не се доживува себеси како писател, ами како офицер и не му е проблем да земе оружје в рака и да пука. „Сите тие изведувања дека писателот не смее да прави ништо друго, воопшто не ме интересираат. Ако сакам ќе пишувам, ако не сакам нема да пишувам. Тука се води војна. Тоа е како за времето на Големата татковинска војна. Сите оние исклучителни луѓе како Симонов и Долматовски пишувале, но носеле и оружје“, вели Прилепин.

Заблудите на руската аристократија

Зборувајќи за еден дел од руското општество кое ја поддржува Украина, Прилепин потсетува дека во Татковинската војна од 1812 година определени руски аристократи исто така повикувале „проблемот со Наполеон да се реши по мирен пат“. Истото се случува и сега: „Дел од руската аристократија, интелигенција и таканареченото напредно општество ги штити интересите на туѓите сили“, вели писателот. Според него, „сиот тој фамозен хуманизам на руската интелигенција е чисто фарисејство“. Никој тој тие „интелектуалци“ не вели зборува за тоа дека во последниве две недели на Донецк паднаа над 10.000 проектили. Во таква ситуација човек едноставно мора да се одлучи на чија страна ќе биде, тврди Прилепин.

Заталканите Украинци и светата Русија

Во интервју за весникот „Комсомолска правда“ Прилепин вели дека го сака украинскиот јазик и украинската култура, но не како нешто украинско, ами „како свое“ (прабабата на писателот била Украинка). Писателот вели дека не треба да се зборува дека не постојат никакви Украински и дека нив ги измислил Ленин. Исто така не треба да се понижуваат Украинците и украинската култура. „Треба да се прегрнат и да им се каже дека Русите се единствени кои ќе ги зачуваат и вистинското украинство, и ваши-нашите везени кошули, ваши-нашите јадења како што е боршчот, и ваша-нашата поезија и литература. Ние сме чувари на вашето украинство“, тврди писателот.

Прилепин вели дека бунтовниците во Донбас не војуваат против Украина, ами против нацистичките банди. Тој отворени вели дека крајна цел на таа војна е Киев и цела Украина. „Киев е руски град. Руски украински град. Нашето дело е ситно. Сè се решава на врвот. Но, мислам дека не смее да има грешки како што е онаа со Јанукович. <...> Мислам дека оние горе ќе имаат доволно ум такво нешто повеќе да не направат. Целта е цела Украина. Никаква друга цел не може да постои“, вели тој.

„Јас искрено верувам дека Русија е света земја. <...> Ние сме спасители на светот. И треба да бидеме свесни за тоа“, вели писателот. „Ние не сме чувари на традицијата. Тој збор може да содржи што сакате. Ние сме чувари на здравиот разум, чувари на она што човекот го прави човек“. А, Украинците, според него, се заталкани и излажани деца кои не ги знаат елементарните нешта. Ним треба да им се каже вистината, смета Захар Прилепин.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.