Путин: Русија постојано ја провоцираат

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека проширувањето на НАТО се прави со цел одвраќање на Русија како главна закана за Алијансата, дека Москва постојано ја провоцираат и се стремат да ја вовлечат во конфронтација, како и дека не престануваат обидите за мешање во нејзините внатрешни работи.

„На самитот на НАТО во јули минатата година во Варшава, првпат од 1989 година Русија беше наречена главна закана за безбедноста на Алијансата, а нејзиното одвраќање официјално  беше прогласено за нова мисија на НАТО. Со таа цел се врши понатамошното проширување на пактот. Тоа и претходно се правеше, но сега најдоа друго, како што им се чини, посериозно објаснување, изјави Путин на колегиумот на ФСБ, пренесува „Взгљад“.

„Забрзаа процесите на распоредување стратешко и конвенционално вооружување надвор од националните граници на водечките држави кои се дел од неа (Алијансата)“, додаде Путин.

„Нас одвреме-навреме, всушност, постојано нѐ провоцираат и се стремат да нѐ вовлечат во конфронтација“, изјави претседателот на Русија.

Путин додаде дека „не престануваат обидите за мешање во нашите внатрешни работи со цел дестабилизација на општествено-политичката ситуација во Русија“.

Како што истакна претседателот на Русија, во текот на минатата година ситуацијата во светот не се стабилизирала, не се подобрила. „Напротив, многу од постојните предизвици и закани само се влошија, се засили воено-политичкато и економското соперништво меѓу глобалните и регионалните центри на влијание, одделни држави“, изјави тој.

Путин прецизираше дека во низа земји на Блискиот Исток и Африка во тек се конфликти со учество на терористички армии кои добиваат поддршка од некои земји.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња