Лавров ја нарече средбата со Тилерсон продуктивна

Во текот на разговорите министерот за надворешни работи на Русија и државниот секретар на САД дискутираа за борбата против тероризмот, ситуациите во Сирија и Украина, како и за билатералните односи меѓу Русија и САД и се договорија да ги продолжат контактите.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Бон ја потврди подготвеноста на претседателот на САД Доналд Трамп за надминување на тешкотиите во односите меѓу двете земји, пренесува ТАСС.

„Се осврнавме на ситуацијата во билатералните односи, кои беа значително нарушени од претходната администрација на Обама. Потврдена од страна на Тилерсон подготвеноста изразена од страна на претседателот Трамп во разговорот со претседателот Путин за надминување на овој период“, изјави Лавров по состанокот.

Во исто време, тој истакна дека „сите разногласија, се разбира, не можеме да ги надминеме со еден состанок“.

На средбата на Путин и Трамп ќе се случи кога лидерите на двете земји ќе сметаат дека тоа е можно, рече Лавров.

Тој исто така изјави дека на средбата со новиот државен секретар на САД е договорено да продолжат со контактите.

Прашањето за санкциите не беше дискутирано, изјави Лавров.

Министрите исто така ја потврдија заинтересираноста за борба против тероризмот, вклучително и во Сирија, рече шефот на МНР РФ и додаде дека САД се подготвени да го поддржат меѓусирискиот процес во Астана.

САД се заинтересирани да се вклучат и во решавањето на конфликтите во Украина и Авганистан.

„Дискутиравме за ситуацијата во Авганистан, за ситуацијата во Украина. Во сите насоки нашите американски партнери се заинтересирани да се приклучат на напорите кои се преземаат за надминување на овие конфликти. Штом се формира тимот во Стејт департментот и другите институции кои се занимаваат со овие прашања, ние изразивме подготвеност за воспоставување соодветни контакти“, изјави шефот на руската дипломатија.

„Ние имаме заедничко разбирање дека онаму, каде нашите интереси се совпаѓаат, а такви сфери не се малку, треба да се движиме напред, да ја покажеме способноста на САД и на Русија да ја играат улогата која им е доделена на меѓународната сцена“, потенцираше Лавров.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња