Лавров: Москва веќе почна дијалог со администрацијата на Трамп

Русија веќе почна дијалог со администрацијата на новиот претседател на САД Доналд Трамп, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

Русија веќе почна дијалог со администрацијата на новиот претседател на САД Доналд Трамп и неговиот интензитет ќе расте, веднаш штом ќе бидат формирани сите нејзини оддели, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за НТВ.

„Ние со почит се однесуваме спрема ставовите на секоја која земја и секогаш сме подготвени да седнеме и да дискутираме за секакви пристапи, дури и за оние кои се целосно спротивни на нашите. Убеден сум дека нашиот дијалог со администрацијата на Доналд Трамп, кој веќе започна, ќе продолжи да биде поинтензивен што ќе се формираат сите оддели на администрацијата кои се занимаваат со надворешна политика“, изјави шефот на руската дипломатија.

Лавров истакна дека веќе се одвива координација за местото и времето на неговиот контакт со новиот шеф на Стејт департментот Рекс Тилерсон. „Веќе имаше контакти преку други канали, телефонски разговори за прашања поврзани со нашата соработка во воено-политичката сфера“, - додаде министерот, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња