Извозот на македонски производи во Русија во 2016 година поголем за 39,5%

Интересот кај руските увозници и дистрибутери за македонските производи расте, изјави Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руската стопанска комора зборувајќи за резултатите од настапот на македонските компании на саемот „Продекспо 2017“ што се одржа од 6 до 10 февруари во Москва.

Македонска-руска стопанска комора очекува годинава да продолжи високиот раст на македонскиот извоз во Руската Федерација, особено од сферата на агрокомплексот, прехрамбената, хемиската, фармацевтската и индустријата на пијалаци, изјави Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руската стопанска комора.

На најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ што се одржа од 6 до 10 февруари во Москва, руските увозници и дистрибутери покажаа голем интерес за македонските производи, што е позитивен показател дека годинава може да се оствари раст на извозот поголем од минатогодишниот кој е поголем за 39,5 отсто.

„Во 2016 годинава Република Македонија и Руската Федерација оствариле меѓусебна трговска размена од 191,9 милиони долари. Но, структурата на размената покажува позитивни тенденции за македонското стопанство. Република Македонија лани го зголемила извозот во РФ за 39,5 отсто, а увозот го намалила за 7,2 отсто во споредба со 2015 година. На рускиот пазар во 2016 година македонските компании пласирале стоки во вредност од 48,9 милиони долари, а од таму се увезени производи за 142,9 милиони долари. Ваквиот обем на тргување со големиот руски пазар придонесе трговскиот дефицит на РМ со РФ да биде намален. Минатата година РМ имала негатива во размената со РФ од 94 милиони долари, додека преклани таа изнесуваше 118,8 милиони долари“, изјави Бешлиев.

Годинава за раст на извозот во Русија на вино и алкохолни пијалоци се подготвуваат и македонските винарии, додека македонски млекарници кои имаат добиено извозни дозволи од руските органи, како и они кои се во завршни фази на добивање, се очекува да го започнат пласманот на рускиот пазар. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња