Повеќе од 50 бродови на НАТО го следеле „Адмирал Кузнецов“ на пат до Сирија

Командантот на „Адмирал Кузнецов“ Сергеј Артамонов раскажа за вниманието кое бродовите на НАТО му го посветиле рускиот носач на авиони.

Педесет и шест бродови на земјите-членки на НАТО го следеле носачот на авиони на ВМФ Русија „Адмирал Кузнецов“ во текот на неговото движење до бреговите на Сирија и обратно, изјави командантот на бродот капетан прва класа Сергеј Артамонов.

„Странските флоти, се разбира, покажуваа интерес за нас. Во текот на целата мисија ние евидентиравме во наша близина присуство на 50-60 бродови на земјите-членки на НАТО. На определени места (на пример, од Норвешкото море до источниот дел на Средоземното море) нашата група истовремено ја следеа по 10-11 нивни бродови“, изјави Артамонов во интервју за весникот „Аргументи и факти“.

Според него, таквото внимание и го загрижувало и истовремено предизвикувало гордост. „Значи, ја чувствуваат нашата сила, ја сметаат за сериозна нашата Воено-поморска флота и Андреевското знаме“, потенцира капетанот, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња