Конашенков: На руските бродови не им требаат бесмислени ескорт-услуги

На руските воени бродови не им требаат бесмислени ескорт-услуги, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков, одговарајќи на острите изјави на министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фалон.

Според Конашенков, британскиот министер си дозволил  неучтиви забелешки на адреса на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ кој поминува покрај брегот на Велика Британија и изјави дека британската морнарица го придружува бродот за да ја осигури безбедноста на својата земја.

„Целта на ваквите изјави и шоуто, кое се прави со ескорт-придружбата на нашите бродови е да го оттргне вниманието на британските даночни обврзници од реалната состојба на Кралската воена морнарица на Велика Британија“, истакна Конашенков, пренесува „Взгљад“.

Според него, „на руските воени бродови не им требаат бесмислени ескорт-услуги, каналот и курсот ги знаат“.

Конашенков исто така му даде совет на Фалон да ѝ посвети поголемо внимание на кралската морнарица на Велика Британија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња