РФ официјално ја обвини Украина за примена на забрането оружје во Донбас

Истражниот комитет на Русија изјави дека органите за безбедност успеале по оперативен пат да добијат „несоборливи докази“ дека Вооружените сили на Украина употребиле оружје за масовно уништување - тактички ракетни системи „Точка У“. Според податоците на Истражниот комитет на Русија, тие биле користени против цивилите во вооружениот конфликти на југоистокот на Украина.

Според податоците на истрагата, против цивилното население на Донбас биле употребени ракети со високоексплозивни и касетни полнења, соопшти в.д. раководителот за односи со медиумите на СКР Светлана Петренко.

„Несомнено, таквото вооружување може да се смета за оружје за масовно уништување кое поседува екстремно висока деструктивна моќ на голема површина. Тоа е наменето за нанесување масовни загуби или штета, а исто така е наменето за неутрализирање на неограничен број на луѓе во зоната на дејствување на оружјето“, потенцира Петренко, пренесува RT.

Меѓународните договори забрануваат употреба на оружје кое не остава можност да се преживее како за завојуваните страни, така и за цивилите во вооружени конфликти. Употребата на неселективно оружје во зона на населени места неминовно повлекува загуби и ранувања кај цивилите, како и непоправлива штета врз цивилните објекти, истакнува Истражниот комитет.

„Употребата на такво оружје сведочи за тоа дека киевската власт цели кон тотално уништување на населението и на инфраструктурата на југоисточниот дел на земјата. Ќе потенцирам дека иследниците на ИК Русија во тесна соработка со оперативните служби ќе продолжат да работат на утврдување на сите лица, вклучени во извршување на злосторства врз цивилите на територијата на југоистокот на Украина, без оглед на периодот во кој што се извршени“, изјави Петренко.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња