Активистка на Мајдан: Во Украина владее ограничен лажлив тоталитарен режим

Украинска блогерка се жали дека се изневерени нејзиниот ентузијазам и идеализам и дека многумина учесници на Мајдан се разочарани.

Активистката на Мајдан Евгенија Билченко, поетеса и културолог, на нејзиниот блог кој стана хит во Украина и Русија, ѝ се обраќа на украинската интелигенција која гледа што се случува во земјата, но од страв не сака да го признае тоа. Таа пишува за она што стана од Мајдан.

„Зошто се плашите да ја кажете вистината? Едноставната вистина дека во нашата земја владее тоталитарен режим. Ограничен примитивен лажлив тоталитарен режим, заинтересиран да ја одолговлекува војната и да профитира од неа“, пишува Билченко. „Со репресија против цивили. Со чистки и бомбардирања во кои гинат не само сепаратистите, туку и жени и деца. Со цензура во медиумите. Со апсење на оние што мислат поинаку. Со забрана да се зборува за војна, за која треба да зборува само дека тоа е „руска терористичка војска“.

Активистката се жали дека нејзиниот ентузијазам и нејзиниот идеализам се изневерени и дека многу учесници во Мајданот се изманипулирани. „Зошто се плашите да кажете дека нѐ измамија на Мајданот, користејќи ја демократската идеја за да доведат на власт олигарси? Во необична рамнотежа со нацисти“, пишува таа. „Се плашите да зборувате за да не се разочараат од вас, да не ве убијат, отпуштат, исплукаат, да не ве прогласат за предавници на Татковината?“

„Никогаш не сум ја криела својата биографија, во која имаше сѐ: од воено волонтерство во Десниот сектор до миротворни патувања во Донбас и Русија. Ми беше важно да сѐ да видам со свои очи. Она што го видов не ме израдува. Не може човек кој го погодувало тепањето на студентите да биде рамнодушен ако во војната гинат илјадници војници, особено ако гинат цивили“, пишува украинската блогерка.

„Мислам дека за војната се подеднакво виновни и Русија и Украина. И Украина и Русија. Русија не треба да влегува во туѓа земја со оружје и доброволци, не може тука-така да се погазува меѓународното право. Дури ни заради „родениот брат“. Украина не треба да врши масовни репресии врз сопствените граѓани кои мислат поинаку“, заклучува активистката.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња