МО РФ: Сириските сили и ВКС Русија го ослободија Тадеф

Во текот на операцијата за ослободување на Тадеф, најсилната истурена позиција на „Исламската држава“ на пристапот до Ел Баб, ликвидирани се 650 терористи и уништени два тенка и четири борбени возила.

Сириската војска, поддржана од руската авијација, во саботата го ослободија населеното место Тадеф, кое беше најсилното упориште на „Исламската држава“ на пристапот до градот Ел Баб, и излезе на договорената со турската страна линија на разграничување со „Сириската слободна армија“, соопшти Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Според министерството, сириските владини сили убиле повеќе од 650 милитанти, уништиле два тенка и четири оклопни возила, како и 18 теренски возила со монтирано тешко вооружување и друга техника.

„Покрај тоа, целосно е преземена контролата на патот кон градот Рака, по кој се вршеше снабдување со оружје и муниција на бандите на ИДИЛ во градот Ел Баб“, додава МО РФ, пренесува ТАСС.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња