Медиум: Белата куќа сака да ја поддржи Црна Гора за влез во НАТО

САД имаа намера да го поддржат зачленуањето на Црна Гора во НАТО, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп е склона да го поддржи влезот на Црна Гора во НАТО, и покрај противењето на Русија, соопштува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на високи чиновници. Весникот истакнува дека таквиот став на Вашингтон може да биде првата „точка на тензии“ меѓу САД и Русија од моментот на стапувањето на Трамп на функцијата.

Во јануари комитетот на Сенатот за меѓународни односи едногласно ја поддржа намерата на Црна Гора. Извор на изданието, запознаен со ситуацијата, смета дека на пленарната седница на парламентот зачленувањето на уште една земја во НАТО исто така нема да предизвика противење. Според неговата информација, Советот за национална безбедност на САД сѐ уште го разгледува ова прашање, но Белата куќа повеќе е наклонета кон давање „зелено светло“ за Црна Гора.

Претходно изданието „Политико“ соопшти дека советникот на претседателот на САД Доналд Трамп за национална безбедност Мајкл Флин треба да го информира претседателот  за соодветноста на таквиот потег, без оглед на ставот на Русија, која се противи на какво било ширење на НАТО на исток, пишува „Комерсант“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња