Анкара: Тројца турски војници загинаа при напад на ВКС РФ во Сирија

Генералштабот на турската армија соопшти дека тројца турски војници загинале, а 11 се ранети при воздушен напад на руските Воздушно-космички сили во Сирија.

Тројца турски војници загинаа и уште 11 се ранети како резултат на ненамерен напад на руската авијација, соопшти турскиот Генералштаб.

Инцидентот се случил на подрачјето на градот Ел Баб.

Се истакнува дека руските авиони во текот на воздушните напади врз објекти на „Исламската држава“ случајно погодиле градба во која се наоѓале турските војници кои учествувале во операцијата „Штитот на Еуфрат“.

Исто така се соопштува дека Москва и Анкара ќе спроведат заедничка истрага за настанот. По инцидентот началниците на генералштабовите на Русија и Турција се договорија за потесна координација на дејствијата, како и за размена на информации за состојбата на теренот.

Претседателот на Русија Владимир Путин телефонски му изрази сочувство на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња