Путин и Ердоган разговараа за Сирија

Лидерите на Русија и на Турција се договорија да ја засилат координацијата на воените операции против „Исламската држава“ во Сирија.

Претседателот на Русија Владимир Путин и на Турција Реџеп Таип Ердоган ја потврдија во телефонски разговор подготвеноста да помогнат за напредокот на астанскиот и женевскиот процес за сириското решение.

„Дискутирано е за реализацијата на заклучоците од одржаната меѓународна средба за Сирија во Астана со руско, турско и иранско посредништво. Потврдена е подготвеноста активно да се помага за понатамошен напредок на астанскиот и женевскиот процес за сириското решение“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Лидерите на двете земји се договорија да ја засилат координацијата меѓу министерствата за одбрана при операциите во Сирија против ИДИЛ. „Продолжена е размената на мислења за клучните аспекти на кризната ситуација во Сирија во контекст на заедничката борба со меѓународниот тероризам“, се вели во соопштението што го пренесува ТАСС.

„Договорено е засилување на координацијата по воена линија во текот на операциите во Сирија против милитантите на ИДИЛ и друите екстремистички организации“, истакнува Кремљ.

Путин исто така изрази сочувство во врска со трагичниот инцидент во кој загинаа неколкумина турски војници на подрачјето на градот Ел Баб.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња