По тепачка во Киев почина легендарен голман на СССР

Прославениот советски фудбалски голман Виктор Чанов почина во Киев во 58 година.

За смртта на голманот, трикратен шампион на СССР Виктор Чанов, соопштија неговите роднини, пренесува Р-Спорт. Причината за смртта не е позната.

Сепак постои информација дека на 20 јануари поранешниот фудбалер бил нападнат во околината на Киев. „Спорт-Експрес“ пренесува дека неидентификувани лица го запреле неговиот автомобил и го претепале. Чанов се здобил со повреди во главата и веќе наредниот ден бил опериран.

Виктор Чанов од 1978 до 1981 година настапуваше за донецки „Шахтјор“, а во периодот од 1982-1990 за киевски „Динамо“ со кој стана и трикратен шампион на СССР и освојувач на Купот на куповите. Потоа пет години играше во „Макаби“, а по завршувањето на кариерата стана тренер. Имаше 21 настап за репрезентацијата на Советскиот Сојуз, беше избран за најдобар голман на репрезентацијата и освои сребро на Европското фудбалско првенство 1988 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња