Белгиски пратеник се срами од Европа по патувањето во Алепо

Делегација на Долниот дом на федералниот парламент на Белгија ги посети Дамаск, Алепо и руската воена база Хмејмим.

Шефот на белгиската делегација која беше во посета на Сирија Филип де Винтер изјави дека руската хуманитарна акција – полската болница и кујната во Алепо – му оставиле силен впечаток, пренесува РИА „Новости“.

„Ми е срам да признам дека европските држави, за разлика од Русија, само зборуваат, а не ѝ пружаат вистинска помош и поддршка на Сирија. Сѐ останува само на зборови“, изјави де Винтер.

Тој призна дека никој освен Русија не им пружа вистинска поддршка на Сиријците. Де Винтер исто така изјави дека Русија е единствената држава која навистина активно се бори против терористите во Сирија.

„Медиумите се обидуваат да прикажат дека Русија игра негативна улога во Сирија, додека пратениците видоа само позитивен учинок“, рече де Винтер,

Европа мора да престане да ја бојкотира Сирија. Тоа им е потребно не само на Сиријците, туку и на Европејците кои патат поради миграциската криза, истакнува тој.

„Русите прават сѐ што можат, но и Европа мора да понуди помош“, изјави Белгиецот.

Де Винтер ги посети руските војници во базата Хмејмим, ја проба војничката храна, го посети пунктот за психолошка помош, паркот за одмор и рекреација и црквата. А во Алепо Белгијците беа непријатно изненадени кога се уверија дека се откриени големи количиии оружје дојдено од Европа.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.