Во Битола ќе се одбележи Денот на дипломатите

Секоја година на 10 февруари руската јавност го одбележува Денот на дипломатите.

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација и нејзините вработени и претставници на 10 февруари го прославуваат Денот на дипломатските работници. Како и секоја година овој празник ќе биде одбележан и во Република Македонија.

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и оваа година на 10 февруари традиционално ќе го одбележи Денот на дипломатските работници со посета на градот Битола и полагање свежо цвеќе пред споменикот Руски крст во градскиот парк.

Денот на дипломатските работници беше воведен на 31 октомври 2002 година со указ од страна на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, според кој овој празник се прославува на 10 февруари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња