Пенс ја коментираше изјавата на Трамп за Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп не се обиде да ги изедначи моралните вредности на американскиот со оние на рускиот народ, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Претседателот на САД Доналд Трамп во интервјуто за „Фокс Њуз“ не се обидуваше да стави знак за еднаквост меѓу моралните вредности на САД и Русија. Ова го изјави во понеделникот во програмата на шоуто „Фокс и пријателите“ потпретседателот на САД Мајк Пенс, пренесува „Лента.ру“.

„Изјавата што ја даде тој (Трамп), во никаков случај не означува морална еднаквост меѓу високите идеали и принципи на народот на Америка и народот на Русија и неговото раководство. Поточно, претседателот се обидува да ги почне од празен лист односите со народот на Русија и неговото раководство“, ги цитира зборовите на Пенс „Блејз“.

Како што истакна потпретседателот на САД, Русија и САД имаат заеднички непријател во терористичката група „Исламска држава“. Претседателот ја постави како приоритет целта да го обедини светот и да ги мобилизира ресурсите на САД, за да ја следи и уништи ИД на начин на кој таа повеќе нема да ни се заканува или да врши овде насилство“, додаде Пенс.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња