Кремљ бара извинување од „Фокс Њуз“ за навреда на Путин

Кремљ ги смета за недопустливи и навредливи изјавите на новинарот на американската телевизиска компанија „Фокс Њуз“ на адреса на претседателот на Русија Владимир Путин и смета дека треба да добие извинување, изјави портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков.

Претходно претседателот на САД Доналд Трамп во интервју за новинарот на „Фокс Њуз“ Бил О’Рајли зборуваше за почитта што ја има спрема рускиот претседател. О’Рајли му напомена на Трамп за обвинувањата кои Западот ги изнесуваше на адреса на Москва и го нарече рускиот лидер „убиец“. „А што мислите? Зар нашата земја е толку невина?“, изјави Трамп како одговор на тоа, потенцирајќи дека за САД е „подобро да се согласуваат со Русија, отколку обратно“.

„Ние ги сметаме таквите зборови од страна на кореспондентот на телевизиската компанија „Фокс Њуз“ за недопустливи, навредливи. И, искрено кажано, повеќе би сакале да добиеме извинување на адреса на претседателот од таква почитувана компанија“, изјави Песков за новинарите, коментирајќи го прашањето за реакцијата на Трамп на обвинувањата на адреса на Путин од страна на новинарот.

Притоа одговорот на Трамп Песков не сакаше да го коментира.

„Што се однесува до изјавата на претседателот на САД, во наведениот случај би ја оставил без коментар“, потенцираше тој, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња