Кремљ не се согласува со изјавите на Трамп за Иран

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не се согласува со зборовите на американскиот лидер Доналд Трамп дека Иран е „терористичка држава број еден“.

„Не се согласуваме со таквата формулација на прашањето“, изјави Песков, пренесува РТ на руски.

Според него, Москва и Техеран имаат добри партнерски односи и ги вреднуваат.

Портпаролот истакна дека Москва жали поради новите американски санкции против Иран.

Песков потенцираше дека позициите на Москва и Вашингтон се дијаметрално спротивни за низа прашања од меѓународната и регионалната политика.

 „Тоа истовремено не може и не треба да биде пречка за воспоставувањето нормална комуникација и прагматични заемно поволни односи меѓу Русија и САД“, додаде тој. 

На 6 февруари Трамп во интервју за еден од американските телевизиски канали го нарече Иран терористичка држава број еден. Тој исто така го осуди својот претходник Барак Обама за договорот со Техеран.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња