Медиум: Администрацијата на Трамп сака да „забие клин“ меѓу Русија и Иран

Администрацијата на Трамп работи на нова стратегија на влошување на односите меѓу Русија и Иран, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Тимот на претседателот на САД Доналд Трамп бара начини да го урне воениот и дипломатскиот сојуз меѓу Русија и Иран, пишува „Вол Стрит Џурнал“ повикувајќи се на претставници на администрацијата, како и на европски и арапски функционери.

„Ако има можност да се забие клин меѓу Русија и Иран, ние сме подготвени да ја проучиме“, изјави еден од претставниците на тимот на претседателот на САД.

Според зборовите на изворите на „Вол Стрит Џурнал“, новата стратегија над која работи администрацијата, ќе помогне да се балансираат „навидум противречните ветувања за подобрување на односите со Русија“ од страна на Доналд Трамп и агресивните обиди на Вашингтон да му фрли предизвик на Иран – едниот од клучните сојузници на Москва на Блискиот Исток.

Според зборовите на еден извор, САД „немаат илузии“ по повод односите со Москва и рускиот претседател Владимир Путин. Притоа Вашингтон не ја смета Русија за егзистенцијална закана во споредба со СССР, затоа Трамп е фокусиран во прв ред на одвраќање на Иран.

Изданието потенцира дека погоре опишаната стратегија не ги објаснува на соодветен начин „измешаните сигнали“ кои Трамп и неговото опкружување ги испраќаат до Москва и кои алармираа многу сојузници на САД, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња