Вaшингтон: Трамп не вети дека нема да ги укине санкциите против Русија

Белата куќа ја демантираше информацијата дека претседателот на САД Доналд Трамп ѝ дал гаранции на поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко дека ќе го поддржи Киев и дека нема да ги укине санкциите против Русија, пишува „Вашингтон Пост“.

„Претседателот и поранешниот премиер имаа кратка неформална средба во текот на фотосесијата пред приемот на Националниот молитвен појадок. Како и да е, не беа дадени никакви официјални гаранции, затоа што поранешниот премиер не е ополномоштен преговарач“, се вели во изјавата на Белата куќа.

Исто така, Белата куќа истакна дека е сѐ уште загрижена поради ситуацијата на истокот на Украина, пренесува РТ на руски.

Претходно „Политико“ повикувајќи се на извор соопшти дека Трамп ја уверил Тимошенко дека нема намера да ги укине санкциите против Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња