Коалиција за поддршка на Турски тек

Извор: EPA

Извор: EPA

Во Европа беше формирана политичка коалиција за поддршка на рускиот проект за изградба на гасоводот Турски тек. Според мислењето на експертите, новиот блок ќе даде политичка сила на рускиот проект. Притоа меѓу учесниците на овој блок ја нема Бугарија, која претходно се откажа од изградбата на гасоводот под притисок на Европската комисија.
Македонија во балканската географија на Турски тек
Руската групација „Стројтрансгас“ започна со изградба на гасоводот во Клечовце, во близина на Неготино. Со започнувањето на овој гасовод Македонија добива база за сопствен енергетски систем. Во моментов зависноста на македонската економија од надворешните извори на енергенси изнесува 48% (поголема зависност на Балканот има само Хрватска со 52%).

Во Европа се формира политичка коалиција за поддршка на рускиот проект за изградба на гасоводот Турски тек по дното на Црното море од Русија во Турција и понатаму во земјите од Јужна Европа, велат руските експерти. Во главниот град на Унгарија – Будимпешта, беше одржана средба на шефовите на дипломатиите на Грција, Србија, Македонија, Унгарија и на Турција, на која се разгледуваше прашањето за учеството на овие земји во проектот на Гаспром Турски тек, соопштува рускиот бизнис-весник Комерсант. Згора на тоа како набљудувач на средбата учество зеде и претставник на Европската комисија. По средбата беше потпишана декларација за енергетска соработка и за диверзификација на испораките на природен гас од Турција во земјите од Европа. „Потпишувањето на декларацијата за Турски тек може да се окарактеризира како создавање блок кој ќе ја овозможи реализацијата на овој проект. Безусловниот договор е една од клучните точки на проектот, кој во голема мера ги зголеми шансите за исполнување на она што е замислено“, вели главниот аналитичар на UFS IC Алексеј Козлов. 

Нов блок 

Претставниците на петте земји се договорија за постојани средби и за создавање експертска група за развој на гасоводната инфраструктура. Новата група исто така ќе се зафати и со прашањата за финансирање на проектот. Конкретните прашања за своето учество во проектот на Гаспром земјите-учеснички на средбата ќе ги разгледуваат одделно. Проектот Турски тек предвидува изградба на гасовод со моќност од 63 милијарди кубни метри гас, од кои 47 милијарди ќе се испорачуваат на границата помеѓу Турција и Грција, односно ќе бидат наменети за европските корисници. За сметка на испораките Гаспром планира да го компензира прекинувањето на транзитот преку Украина. 

Благодарение на новиот проект, според аналитичарот на инвестицискиот холдинг ФИНАМ Антон Сороко, побарувачката на рускиот гас од страна на земјите од Јужна Европа во блиска иднина треба да биде задоволена. Притоа, како што забележува експертот, привлекувањето на Турција како нов учесник додава „уште еден голем потрошувач на природен гас“, но во суштината на проектот ништо не се менува. 

Нови сојузници 

Зошто Русија плати милијарда долари за Јужен тек?
Рускиот гасен монопол Гаспром на европските партнери им исплати една милијарда американски долари за уделите во проектот Јужен тек. Компанијата немаше таква обврска, но руската страна е заинтересирана за привлекување на западните играчи за поставување на новиот гасовод преку Турција.

Меѓу учесниците на новиот политички блок за поддршка на Турски тек ја нема Бугарија, која претходно беше активен учесник во проектот Јужен тек. Согласно проектот, морскиот дел на гасоводот требаше да минува низ Бугарија, а потоа во земјите од Јужна Европа, вклучувајќи ги и балканските земји, како што се Србија и Бугарија. Сепак, руската компанија се откажа од проектот поради позициите на Бугарија која ја запре работата над гасоводот по барање на Европската комисија. Според Алексеј Козлов, проблемот на Јужен тек даде импулс за разработка на проектот Турски тек. „Бугарија се покажа како партнер кој е зависен од Западот, со што ја изгуби можноста за соработка со Гаспром“, додаде тој. 

Според спогодбата помеѓу руската и турската страна, проектот за морскиот дел во должина од 660 километри ќе ја следи трасата на Јужен тек, односно Гаспром нема да троши на нови морски траси, а потоа гасоводот ќе сврти кон европскиот брег на Турција. Претходно рускиот гасен монопол Гаспром им исплати на европските партнери една милијарда американски долари за нивниот удел во гасоводот Јужен тек. 

Впрочем, според Антон Сороко, изградбата на гасоводот по новата маршрута исто така може да се судри со проблеми во ЕУ, но, на крајот, гасоводот сепак ќе биде пуштен во експлоатација. Во исто време за време на својата посета на Москва поддршка за проектот даде и премиерот на Грција Алексис Ципрас. Според него, проектот ќе биде реализиран „со целосно придржување кон законодавството на ЕУ“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња