Зигмар Габриел заинтересиран за развој на пријателски односи со Русија

Новиот министер за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел е заинтересиран за развој на партнерски односи со Русија. Ова го изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија Мартин Шефер.

„Русија е најважниот сосед на Европа. Таа се наоѓа на агендата на новиот шеф на МНР, поинаку и не може да биде. Таа е најважниот партнер за разговор“, изјави Шефер, пренесува РТ на руски.

Според него, Габриел е „заинтересиран за колку што е можно повеќе пријателски, интензивни и партнерски односи со Русија.

Засега не е планирана средба на Габриел со неговиот руски колега Лавров, истакна Шефер.

Претходно Франк-Валтер Штајнмаер официјално ја напушти должноста министер за надворешни работи на Германија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња